Тевдовски: Се зголемува наплатата на даноците

28.11.2017 13:53

Министерот Тевдовски очекува трендот да продолжи, вели- ова е добар показател дека правилно се проектирани приходите во буџетот за следната година.

За четири ипол пати повеќе пари се инкасирани од даноци во изминатите месеци. Министерот Тевдовски очекува трендот да продолжи, вели- ова е добар показател дека правилно се проектирани приходите во буџетот за следната година.

Од јанаури досега наплатата на даноците е некаде 4,7 проценти повисока од истиот период минатата година, што се должи, пред се, на последните неколку месеци. Тоа е добро, бидејќи имаме сериозно зголемување на наплатата и од аспект на Министерство за финансии, бидејќи доаѓа до забрзување и подобрување на наплатата во последните месеци. Тоа значи дека се случува подобрување на економската активност, изјави министерот.

Тој додаде дека во последните два месеци повратот на ДДВ се одвива побрзо откако барањето ќе биде доставено до УЈП.

Процесот е сериозно забрзан во однос на претходните години и внесува повеќе ликвидност, фирмите повеќе работат, а потоа плаќаат даноци. Така што ние сме задоволни од овие процеси, истакна министерот за финансии.