Аргентина: Во подморницата се случил краток спој

28.11.2017 13:57

Меѓународната потрага за подморницата и за нејзиниот 44-член екипаж продолжува.

„Вода влегла во цевката за доток на воздух во аргентинската подморница и предизвикала краток спој пред пловниот објект да исчезне“, изјави портпаролот на аргентинската морнарица Енрике Балби.

Меѓународната потрага за подморницата и за нејзиниот 44-член екипаж продолжува. „Сан Хуан“ е изградена во Германија во 1983 година, и има должина од 66 метри.