Куба: Почна изборниот процес за наследникот на Раул Кастро

28.11.2017 15:16

Викендов Куба го започна процесот за избор на наследникот на претседателот Раул Кастро. Се бираат пратеници во локалните власти, односно општинските совети, со што ќе стартува обновата на составот на регионалните парламенти, а потоа и на националниот еднодомен Парламент. Општинските избори се рапишуваат на две и пол години...

Заврши првата етапа од изборниот процес на Куба, претходно закажан за 22 октомври, па откажан поради катастрофалните последици од ураганот Ирма. Процедурата ќе се финализира идната година, со околу 600 членови на новоформираното законодавно собрание кое потоа го бира врховниот лидер на нацијата откако ќе истече мандатот на Раул Кастро во февруари. За негов наследник е посочен првиот потпретседател на Министерскиот совет Мигел Диас Канел, којшто би бил и првиот лидер на островската земја во последниве шест децении, кој не е дел од фамилијата на лидерот на Кубанската револуција. Транзицијата на власта ќе биде постепена зашто Раул останува на чело на Комунистичката партија којашто единствената официјална партија.

Од избраните кандидати, 35,47% се жени, што е раст од 0,48 % во споредба со 2015 година. Да не заборваме дека имаме и втор круг. Очекуваме дека и тогаш ќе се зголеми процентот“, изјави Алина Балсеиро, претседател на ДИК.

Не гласаме за најбогатиот или најпопуларниот. Системот не работи така. Луѓето гласаат според заслугите на секој кандидат.“

Локалните избори беа одржани ден по првата годишнина од смртта на лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, кој во 1976 година го воведе актуелниот изборен систем, за кого властите тврдат дека е демократски и транспарентен. Според законите, кандидатите на кубанските избори не смеат да водат политичка кампања.

Промените се случуваат во период на предизвици. Реформите за обновување на економијата не се спроведуваат ефикасно и земјата добива се помала помош од сојузникот Венецуела, што резултира со финансиски проблеми и намален извоз. Влошен е и односот со САД поради непријателскиот тон од челникот на Белата куќа, Доналд Трамп.

 

Маја Филдишев