Турција: Налог за апсење на 360 лица поврзани со ФЕТО

29.11.2017 11:19

Во полициската операција во Истанбул досега се уапсени десетици осомничени.

Турските власти издадоа налог за апсење на вкупно 360 луѓе поврзани со организацијата на имамот Фетула Ѓулен, ФЕТО.
 
Во полициската операција во Истанбул досега се уапсени десетици осомничени. Според официјална Анкара, групата ФЕТО е одговорна за обидот за преврат на 15 јули минатата година.