Европа

Лондон и Брисел постигнаа договор за цената за Брегзит

29.11.2017 11:38

Лондон треба да му плати на Брисел сума меѓу 45 и 55 милијарди евра...

Според медиумите, британските и европските преговарачи постигнале договор за износот на разделбата по Брегзит. Лондон треба да му плати на Брисел сума меѓу 45 и 55 милијарди евра.

Преговорите почнаа во јуни, а треба да завршат до април 2019-та година. Брисел бара да се оствари напредок по три прашања: правата на Европејците кои живеат во Велика Британија по Брегзит, последиците од разделувањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска и порамнување на сметките со Лондон.