„Фени“ блиску до стечај?!

„Енекод“ не е во можност да ги исплати платите во „Фени“

29.11.2017 12:20

Банките претходно соопштија дека нивни релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените...

Банките доверители во „Фени“ соопштија дека добиле известување од „Енекод“ дека компанијата нема да биде во можност да ги исплати платите на вработените.

„Банките доверители ја информираат јавноста и вработените во „Фени“ дека утрово добија маил од Рајчо Катсаров од „Енекод“, со кој покрај писмено доставување на понудата за преземање на „Фени“, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените“, се вели во соопштението од банките- доверители.

Банките претходно соопштија дека нивни релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките.