Последна голема пресуда во Хаг

29.11.2017 13:41

Еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“ испи отров во судницата на Хашкиот трибунал, откако му била потврдена казната затвор од 20 години, поради што било прекинато читањето на пресудата.

Слободан Праљак, еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“ испи отров во судницата на Хашкиот трибунал, откако му била потврдена казната затвор од 20 години, поради што било прекинато читањето на пресудата.

Претходно, жалбениот совет на трибуналот потврди казна од 25 години затвор за Јадранко Прлиќ, како и 20 години затвор за Бруно Соиќ.

Водачите на најмалубројниот народ во Босна и Херцеговина во мај беа осудени на вкупно 111 години затвор поради прогон, убиства, силувања, депортација, затворање, уништување на имот и други злосторства.

Неправосилната пресуда за овој случај е најдолга во историјата на Хашкиот трибунал и има 2.620 страници. Сите обвинети во 2004 година сами се пријавиле во трибуналот.