Почина Слободан Праљак откако испи отров во Хаг

29.11.2017 16:51

Откако жалбениот совет ја потврди првостепената казна за Праљак од 20 години затвор, тој извика дека е не е воен злосторник, дека со презир ја отфрла пресудата и го испи отровот.

Поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, генералот Слободан Праљак почина во болница во Хаг од отровот што го испи во судницата откако Хашкиот трибунал му ја потврди казната од 20 години затвор за воени злосторства.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска изрекува жалбена пресуда во предметот Прлиќ и останатите. Откако жалбениот совет ја потврди првостепената казна за Праљак од 20 години затвор, тој извика дека е не е воен злосторник, дека со презир ја отфрла пресудата и го испи отровот.

Водачите на најмалубројниот народ во Босна и Херцеговина во мај беа осудени на вкупно 111 години затвор поради прогон, убиства, силувања, депортација, затворање, уништување на имот и други злосторства.

Неправосилната пресуда за овој случај е најдолга во историјата на Хашкиот трибунал и има 2.620 страници. Сите обвинети во 2004 година сами се пријавиле во трибуналот.