Бизнис форум меѓу странските инвеститори и домашните компании

30.11.2017 10:49

Како што соопшти Комората, оваа активност на деловно поврзување е во согласност со програмата на Советот на странски инвеститори.

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании, кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи.

Како што соопшти Комората, оваа активност на деловно поврзување е во согласност со програмата на Советот на странски инвеститори. 

За можностите и бенефитите од соработката на странските со домашните компании, на бизнис форумот ќе зборуваат вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседателот на Советот на странските инвеститори, Штефан Петер и претседавачот на Асоцијацијата на автомобилска индустрија при Советот на странските инвеститори. Аврам Стојчевски.