Трамп и Меј со меѓусебни критики на Твитер

30.11.2017 11:45

Реакцијата следи откако Меј и други британски политичари го критикуваа Трамп затоа што на Твитер објави коментари од националистичка британска политичарка ...

Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Твитер ја повика британската премиерка Тереза Меј да не се занимава со него, туку да се ангажира околу проблемот со радикален исламизам во Британија.

Реакцијата следи откако Меј и други британски политичари го критикуваа Трамп затоа што на Твитер објави коментари од националистичка британска политичарка и видео снимки од насилни исламисти.