Абиџан

Петти самит ЕУ- Африка

30.11.2017 14:58

Учесниците се договорија да спроведат операција на итна евакуација на мигранти, како и полициски акции за откривање на мрежата на шверцери на мигранти.

Со усвојување на серија мерки за ставање крај на ропството на мигранти во Либија привршува самитот ЕУ- Африка во Абиџан, Брегот на Слоновата коска.

Учесниците се договорија да спроведат операција на итна евакуација на мигранти, како и полициски акции за откривање на мрежата на шверцери на мигранти.

На Самитот се дискутира и за безбедноста поради зголеменото присуство на џихадистичките групи.