САД: Намален бројот на луѓе од други земји

30.11.2017 15:10

Од Европа дошле 2,6% помалку луѓе, а најголем пад е регистриран од Блискиот исток и од Африка.

Бројот на луѓе кои влегуваат во САД од други земји е намален за 4% во првата половина на годината. Од Европа дошле 2,6% помалку луѓе, а најголем пад е регистриран од Блискиот исток и од Африка.

Администрацијата на претседателот Трамп спроведува строга доселеничка политика и забрани влез на лица од шест земји со мнозинско муслиманско население од овие локации.