Аргентина: Прекината потрагата по подморницата

01.12.2017 11:53

Последниот остварен контакт со „Сан Хуан“ беше воспоставен на 15 ноември.

Аргентинската морнарица ја прекина потрагата по исчезната подморница и 44-члениот екипаж. Портпаролот енрике балби смета дека и покрај вложените напори е невозможно да се лоцира пловниот објект.

Последниот остварен контакт со „Сан Хуан“ беше воспоставен на 15 ноември. Надежта за преживеани исчезна откако беше регистриран сигнал од наводна експлозија во близина на последната позната локација на подморницата.