Турција: Парламентот не сака истрага за скандал на Ердоган

01.12.2017 11:14

Ердоган ги отфрли обвинувањата и поднесе тужбa...

Турскиот Парламент отфрли предлог на опозицијата да се спроведе истрага за наводите дека членови на семејството на претседателот Реџеп Таип Ердоган избегнувале плаќање данок и префрлале милиони долари на офшор компании.

Ердоган ги отфрли обвинувањата и поднесе тужба против претседателот на Републиканската народна партија.