Движење за промена“- нова централно левичарска алијанса во Грција

01.12.2017 11:57

Целта на алијансата е обединување на централната левица во Парламентот...

„Движење за промена“ е новата формација создадена од социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами.

Целта на алијансата е обединување на централната левица во Парламентот и промена на сегашната статус кво ситуација, доминирана од партиите СИРИЗА и Нова демократија.