Земјотрес во Иран, повредени десетици лица

01.12.2017 12:53

Предизвикана е и материјална штета. Епицентарот бил 58 километри североисточно од градот Керман, на длабочина од 10 километри.

Десетици лица се повредени во земјотресот од шест рихтери во југоисточен Иран. Предизвикана е и материјална штета. Епицентарот бил 58 километри североисточно од градот Керман, на длабочина од 10 километри.

Минатиот месец, во земјотрес со интензитет од 7,3 рихтери во западен Иран загинаа 530 лица, а над 9.000 беа повредени.