Германија

Меркел: Преговори за голема коалиција

01.12.2017 15:00

Меркел и Шулц постигнаа договор да ги отворат коалициските преговори, што беше дочекано со големо изненадување со оглед на ставот што лидерот на СПД кој по лошиот изборен резултат, рече дека нема да има голема коалиција и дека втората најголема партија во Германија ќе оди во опозиција.

По состанокот што го свика германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, Христијанско- демократската унија на Ангела Меркел и Социјал-демократската партија на Мартин Шулц почнаа преговори за формирање голема коалиција за да се спречат нови избори и да се обезбеди нова стабилна влада на европската најсилна држава.

Меркел и Шулц постигнаа договор да ги отворат коалициските преговори, што беше дочекано со големо изненадување со оглед на ставот што лидерот на СПД кој по лошиот изборен резултат, рече дека нема да има голема коалиција и дека втората најголема партија во Германија ќе оди во опозиција.

Во преговорите учествува и сестринската партија на Демохристијаните, Баварската Христијанско- социјална унија. За време на состанокот со Штајнмајер, Ангела Меркел, Мартин Шулц и Хорст Зеховер ги разгледувале сите можни опции за формирање нова влада, но на крајот сепак пресудила копија на претходната, односно голема коалиција.

„Процесот сега е под покровителство на сојузниот претседател и ние треба да ги разгледаме сите можни опции. Но, никој не може да очекува дека тој процес ќе биде брз“, изјави Зигмар Габриел, министер за надворешни работи на Германија.

Причина за повторното активирање на сите опции лежи во тоа пропаднаа што првобитните планови за формирање на т.н. „Јамајка коалиција“, откако Слободната демократска партија и Зелените не успеаја да се договорат ни меѓу себе, ниту со Христијаните на Ангела Меркел. Голема коалиција е единествената опција за стабилна влада за Меркел, и ако не успее во нејзиното формирање, преостанува да се воспостави малцинска влада или да се распишат нови избори.

 

Марина Ристова