Цената на биткоинот достигна рекордна вредност од 11.800 долари

04.12.2017 07:44

Вредноста на биткоинот, кој се појави во 2009 година, од почетокот на годината се зголеми за десетпати.

Цената на криптовалутата биткоин денеска достигна историски рекордна вредност од 11.800 долари.

Вредноста на биткоинот, кој се појави во 2009 година, од почетокот на годината се зголеми за десетпати.

Во средата биткоинот го мина прагот од 11.000 долари, но потоа во четвртокот падна на околу 9.000 американски валути.

По ваквиот раст на вредноста на оваа криптовалута, берзата Си-Ем-И во петокот најави дека во текот на следните две недели ќе емитува финансиски фјучерси за биткоини.

Со порастот на вредноста на биткоинот, кон крајот на работната недела е забележан и пораст на нејзини нови корисници, при што е остварен обрт од околу 19 милиони долари.