Венецуела

Мадуро најави нова криптовалута- „Петро“

04.12.2017 10:34

Со сопствена криптовалута, венецуела ќе се справува со последиците од економската криза и санкциите од САД и ЕУ. Опозицијата со критики, а народот со сомнежи околу планот на претседателот Мадуро и новата дигитална валута наречена „Петро“.

Лидерот на Венецуела најави формирање на нова виртуелна валута поради економската криза во земјата, предизвикана првенствено од падот на  цената на нафатата на светските берзи, но и драстичното намалување на вредноста на постојната валута „боливар“. Мадуро се обидува и да го реструктуира државниот долг, па според економските експерти, новата дигитална валута може да покрие голем дел од износот. Долгот на Венецуела кон странските кредитори е проценет на 140 милијарди американски долари. Јужноамериканската земја се соочува и со финансиски санкции од САД и до ЕУ поради насилните мерки при задушувањето на опозициските протести во кои загинаа над сто лица.

Валутата „Петро“ ќе го унапреди монетарниот суверенитет. Ќе нѐ придивижи кон нови форми на меѓународно финансирање за економски и социјален развој. Криптоваултата ќе биде поддржана од природните ресурси на Венецуела, односно од нафтата, природниот гас, златото и дијамантите“, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Опозицијата со критики до претседателот Мадуро. Велат – потребна е согласност од Конгресот за планот за дигиталната валута, којшто има минимални шанси да се реазлиира во период на политички и економски превирања.

 

Маја Филдишев