Дебатата за буџетот продолжува утре

04.12.2017 11:06

Седницата за Предлог- буџетот почна минатиот понеделник, беа закажани неколку продолженија на седницата, но не се одржа ниту едно.

Во Собранието на Република Македонија за утре е закажано ново продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Предлог- буџетот за 2018-та година.

Седницата за Предлог- буџетот почна минатиот понеделник, беа закажани неколку продолженија на седницата, но не се одржа ниту едно.

Расправата по предложениот буџет според Деловникот трае 10 работни денови. Поднесени се 279 амандмани. По завршување на расправата во Комисијата, Предлог- буџетот оди на пленарна седница каде се распрва пет работни денови.

Предлог- буџетот за 2018-та денеска е на дневен ред на Законодавно-правната комисија.