Јужна Кореја и САД ги спроведуваат најголемите воени вежби досега

04.12.2017 10:52

Според Вашингтон, вежбите се со цел да ги зајакнат подготвеноста и оперативните можности на армиите на двете земји...

Јужна Кореја и САД ги почнаа досега најголемите воени вежби во кои ќе симулираат различни сценарија, вклучувајќи и напади врз замислени цели, идентични со севернокорејските објекти каде што се претпоставува дека има нуклеарно оружје.

Пред една недела Пјонгјанг лансираше усовршена балистичка интерконтинентална ракета. Според Вашингтон, вежбите се со цел да ги зајакнат подготвеноста и оперативните можности на армиите на двете земји, како и да ги гарантираат мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров.