Белгискиот суд решава за екстрадиција на Пуџдемон

04.12.2017 11:33

Врховниот суд во Шпанија, пак, одлучува дали да ги ослободи од притвор со кауција каталонските сепаратистички лидери...

Белгискиот суд решава за екстардиција на претседателот на разрешената каталонска влада, Карлес Пуџдемон и за уште четворица членови на регионалниот кабинет.

Врховниот суд во Шпанија, пак, одлучува дали да ги ослободи од притвор со кауција каталонските сепаратистички лидери, кои беа затворени за организирање на референдумот за независност на 1-ви октомври, кој Мадрид го забрани.

Кампањата за регионалните избори на 21-ви декември почнува денеска.