ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестира, блокада на неколку крстосници во Скопје

04.12.2017 12:36

Народот е уценет, а на љубовта кон татковината се гледа како кон грев, кој се казнува. Ова е епилогот од шест месечното владеење на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Монтираниот случај за наводен тероризам против 36 македонски патриоти е целосно неоснован и е со цел заплашување на секој еден кој се решил да крене глас против оваа недемократска власт, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија неправдата се чувствува на секој чекор, селективната правда е исто така неправда и создава револт.

Народот е уценет, а на љубовта кон татковината се гледа како кон грев, кој се казнува. Ова е епилогот од шест месечното владеење на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестите што ги организира оваа партија продолжуваат и денеска со блокада на неколку крстосници во метрополата во периодот од 15 до 17 часот. Ќе бидат блокирани крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода. Протестот е закажан за 18 часот.