Апелација ќе расправа дали прислушуваните разговори ќе бидат доказ за случајот „Титаник“

04.12.2017 14:01

Апелација расправа по жалба, откако Кривичниот суд на 20-ти октомври годинава ги отфрли таканаречените „бомби“ како доказ за „Титаник“.

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе расправа дали прислушуваните разговори ќе бидат докази во судската постапка за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Апелација расправа по жалба, откако Кривичниот суд на 20-ти октомври годинава ги отфрли таканаречените „бомби“ како доказ за „Титаник“.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012-та година.