Презентирани 45 проекти на Саемот за вработување, образование и социјална инклузија

04.12.2017 15:00

45 проекти беа презентирани на Саемот за вработување, образование и социјална инклузија на Економскиот факултет во Скопје, што се финансира со помош на ЕУ. Досега преку програмата за развој на човечките ресурси биле доквалификувани 13 илјади македонски граѓани...

Над 45 проекти беа презентирани на Саемот на проекти на програмата за вработување, образование и социјална инклузија, финансиран од ЕУ. Според премиерот Заев, трите важни предуслови за подобар живот на граѓаните се квалитетното образование, еднакви можности за сите и широк спектар на можности за вработување.

Политиките на Владата се комплементарни со политиките на ЕУ, вели министерот Тевдовски. Во Предлог- буџетот за 2018-та година се предвидува речиси една милијарда денари за активни мерки за вработување.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека Европската унија и натаму посветено ќе продолжи да ја поддржува социјалната инклузија и економскиот развој.

Преку програмата за развој на човековите ресури финансирана од ЕУ, досега се доквалификуваа околу 130.000 македонски граѓани.

 

Марија Котовска