НАТО

Столтенберг: Да се изврши максимален притисок врз Северна Кореја

04.12.2017 15:44

Генералниот секретар на НАТО рече дека безбедноста на Европа е поврзана со случувањата во источната азија, и додаде дека војна во тој регион би претставувала катастрофа и би оставила последици врз целиот свет...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика да се изврши максимален притисок врз Пјонгјанг, со цел да бидат прекинати севернокорејските нуклеарни тестови.

Тој рече дека безбедноста на Европа е поврзана со случувањата во источната азија, и додаде дека војна во тој регион би претставувала катастрофа и би оставила последици врз целиот свет.

Според него, светот треба да изврши максимален притисок со цел да се постигне мировен договор со Северна Кореја. Столтенберг нагласи дека случувањата на Корејскиот Полуостров ја вознемириле Алијансата.