Блокада и протест на вработените во „Фени“

04.12.2017 15:50

На протестот беа присутни и транспортерите што превезувале руда и на кои не им е исплатено од март годинава. Бараат четири милиони евра.

Со двочасовна блокада на патниот правец Градско- Прилеп вработените во „Фени“ протестираа поради двете неисплатени плати.

Претседателот на Синдикатот, Ѓоре Палитов рече дека платите им биле ветени веднаш по отворањето на сречајната постапка, но до денеска не ги добиле парите. Палитов информираше дека протестите ќе продолжат сѐ до исполнување на барањата.

На протестот беа присутни и транспортерите што превезувале руда и на кои не им е исплатено од март годинава. Бараат четири милиони евра.

Претседателот на транспортерите, Трајче Пејовски, нагласи дека ќе ги бараат своите пари од банките кои како доверители побарале стечај.