Франција

Битола и Епинал 50 години збратимени

04.12.2017 16:36

Битола и Епинал, град од Истокот на Франција го негуваат пријателството веќе половина век, за време на прославата на патрониот празник на градот Епинал- Свети Никола, највисоките претставници од двата градови се договорија за начинот на кој ќе го одбележат овој голем јубилеј во контекстот на другиот јубилеј – стогодишнината од крајот на Првата Светска војна.

Идната година градот Битола и градот Епинал ќе прослават педесет години од збратимувањето. Збратимувањето во изминатиот период беше многу втемелено на културанта соработка и на размена меѓу младите, но за тоа што ќе биде предвидено за идната година имавме можност да поразговараме со градоначаниците на двата градови.

За градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и претседателот на Советот, Валентин Груевски, ова беше прво, еднодневно, патување во странство по нивниот избор, неслучајно тие го избраа Епинал со кој се негуваат длабоки и пријателски односи кои потекнуваат од првата светска војна.

„Нашата соработка не смее да биде протоколарна само на деновите на празнувања, туку таа треба да се манифестира во текот на целата година, а што всушност ќе овзможува зближување на двата градови, на давата народи“, изјави градоначалничката Петровска.

Истото мислење го дели и градоначалникот на Епинал, Мишел Хеинриш.

„Размената ни ги покажува нашите разлики и блсикости и пред се подобро да се запознаеме и да се почитуваме. И мислам дека во рамките на овие размени ние учиме и сваќаем дека сме една заедница, голема заедница со неколку културни разлики, која живее во мир од пред седумдесет години“, вели Хеинриш.

За јубилејот 50 години од збратимувањето се предвидени взаемни размени на изложби, филмски проекции и пред сѐ размена на млади и граѓани од двата градови, во соработка со Француската амбасада и инситут од Македонија во контекстот од крајот на стогодишнината од Првата светска војна, поради која е и воспоставено збратимувањето меѓу двата градови.

Тони Гламчевски, специјален известувач од Епинал, Франција за МРТ