Напредок во преговорите за Брегзит

04.12.2017 17:05

Преговарачот на Европскиот парламент, Ги Верхофстат рече дека е можен договор за ирската граница, за „трошоците за разводот“, кои треба да ги плати британската страна, како и околу правата на граѓаните.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ се приближуваат кон напредок во врска со прашањата за статусот на границата со Ирска.

Преговарачот на Европскиот парламент, Ги Верхофстат рече дека е можен договор за ирската граница, за „трошоците за разводот“, кои треба да ги плати британската страна, како и околу правата на граѓаните.

Премиерката Тереза Меј денеска се сретна со лидерите на ЕУ во обид да го финализира договорот во очи Самитот на унијата што ќе се одржи кон крајот на следната недела.

Велика Британија бара дека што поскоро да се премине на преговори за идните трговски договори, но лидерите на ЕУ бараат до Самитот да се направи договор за клучните прашања како што се финансиските обврски што Велика Британија ги презеде како членка. Дел од граѓаните сметаат дека не гледаат причина зошто Велика Британија треба да плати за излез од семејството.

„Едвај чекам да излеземе од Европа. Тоа многу чини. Многу пари се фрлаат“.

„Сметам дека ова е погрешно. Тие бараат откуп, зар не? Ние едноставно не треба ништо да платиме и само да си заминеме“.

„Мислам дека и внуците на моите деца ќе плаќаат за тоа, ако се случи“- велат граѓаните.

Статусот на границата со Ирска е спорна точна бидејќи тоа е единствената копнена граница со Велика Британија, а ирската Влада бара гаранции дека нема да има царински пунктови на границата и дека движењето на стоката и на луѓето ќе се одвива непречено и по Брегзит.

 

Марина Ристова