Каталонија: Почна кампањата за предвремените избори

05.12.2017 10:19

На 21-ви декември се бираат членови на регионалниот Парламент, кој беше распуштен од властите на Шпанија откако беше изгласана независност на автономниот регион.

На предизборен митинг во Барселона, разрешениот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон им се обрати преку видео-врска од Белгија на своите симпатизери. Упати критика до Мадрид за попречување на неговата кампања, и им порача на гласачите да не им се потчинуваат на политичарите од централната влада.

На 21-ви декември се бираат членови на регионалниот Парламент, кој беше распуштен од властите на Шпанија откако беше изгласана независност на автономниот регион.

На 14-ти декември, Белгискиот суд ќе се изјасни за екстрадицијата на Пуџдемон.