Шестмината пратеници на распит во Кривичниот суд

05.12.2017 11:01

Според најавите, денеска судија на претходна постапка ќе ги повикува на распит пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска.

Во скопскиот Кривичен суд пристигна известувањето за одлуката на Собранието за одземање на имунитетот на шестемина пратеници, за кои Обвинителството за организиран криминал и корупција бара притвор поради настаните од 27-ми април.

Според најавите, денеска судија на претходна постапка ќе ги повикува на распит пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска.

Тие, како и другите 30 осомничени, се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста на државата.