Меј под притисок за статусот на ирската граница по Брегзит

05.12.2017 11:17

Најголемата партија во Северна Ирска која има 10 пратеници во Вестминстер, не ги прифати условите со кои нивната држава би имала поинаков третман од останатиот дел од Обединетото Кралство по излезот од европскиот блок.

Британската премиерка Тереза Меј е под притисок да ја добие поддршката од Демократската унионистчка партија (ДУП) за статусот на ирската граница по Брегзит.

Партијата, којашто е најголемата партија во Северна Ирска и има 10 пратеници во Вестминстер, не ги прифати условите со кои нивната држава би имала поинаков третман од останатиот дел од Обединетото Кралство по излезот од европскиот блок.

Во Брисел е закажана средба на 14 декември на која ќе се одлучува кога ќе почнат трговските договори.