Трамп ја одложи одлуката за амбасадата во Израел

05.12.2017 11:21

Францускиот претседател Емануел Макрон, и неколку други арапско-муслимански земји, изразија загриженост дека Трамп еднострано ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи донесувањето на решението за евентуалното преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Во 1995 година Конгресот усвои закон за преместување на дипломатското претставништво.

Францускиот претседател Емануел Макрон, и неколку други арапско-муслимански земји, изразија загриженост дека Трамп еднострано ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Побараа спорниот статус на градот да се решава со преговори со Палестинците.