Судењето за „Тотал“ одложено за 7-ми декември

05.12.2017 11:56

Во скопскиот Кривичен суд, прво рочиште за случајот „Тотал“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. За затајување данок е обвинето едно лице, управител на неколку компании за маркетинг и консултантски услуги. Тој е обвинет дека во периодот од 2008-ма до 2015-та година одбегнал плаќање данок во вредност од 180 илјади евра. Следното рочиште е закажано за в четврток.

Судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 7-ми декември годинава.

Павловиќ- Латас дојде во судот и присуствуваше на денешното рочиште во Кривичниот суд. Судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа бидејќи не се определени законски затапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“, а ново рочиштен закажа за четврток.

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски посочи дека одбраната и денеска се повикала на снимките дека се незаконски прибавени, и додаде дека е познат ставот на Јавното обвинителство за тоа.

Одбраната се повикува дека некои докази се прибрани на незаконит начин и бара рочиште пред рочиште на кое би ги изнеле своите аргументи. Меѓутоа, судот кажа дека ценел оти нема потреба од такво рочиште и дека сите забелешки ќе имаат право да ги кажат на главната расправа, рече Бубевски.