ВМРО-ДПМНЕ: Судството одлучува по диктат на власта

05.12.2017 12:16

Правда и правичноста се туѓи поими за правосудниот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, со накалемено дело тероризам е со цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, стои во дописот...

Судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичноста се туѓи поими за правосудниот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, со накалемено дело тероризам е со цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. Од опозициската партија најавуваат дека ќе останат на улиците сѐ додека, како што велат, овој реваншизам и тенденциозен атак не престане. Потребно е национално помирување, а не поделби и леење зла крв во македонското општество.

Членовите и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе блокираат неколку крстосници во главниот град, а протест ќе одржат пред Министерството за правда.