Раниот развој од исклучителна важност за децата

05.12.2017 12:51

Земјите треба да инвестираат во раниот детски развој, бидејќи тоа повеќекратно се враќа. Ова се дел од ставовите на учесниците на Конференцијата квалитетно образование за раст и развој, успех и подобра иднина.

Раниот детски развој е од исклучителна важност за развојот на децата. Влијае на подобар развој на мозокот, бидејќи од 80 до 85 проценти се развиваат во раното детство до пет години, ја зголемува нивната подготвеност за училиште и за животот подоцна.

Земјите треба да инвестираат во раниот детски развој, бидејќи тоа повеќекратно се враќа. Ова се дел од ставовите на учесниците на Конференцијата квалитетно образование за раст и развој, успех и подобра иднина.

Според министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, развивањето вештини во раното детство ги воспоставува темелите на учење во натамошниот живот и успехот на пазарот на труд на овие деца. Анализите покажуваат, додава министерката, дека стапката на повратот на овие средства вложени во ран детски развој е четири до осум долари за инвестиран еден долар.

Ова е најдобар начин да се излезе од сиромаштија. Главни придобивки се подготвеноста на децата да постигнат подобри резултати во образованието, да се подобри нивното физичко, но и психичко здравје, што ќе го намали користењето на услугите од здравствениот систем, а ќе се намали и натамошното вклучување на децата во високоризични активности, рече министерката Царовска.

Професорката Анџелина Понгута од Медицинскиот факултет при Универзитетот Јеил, смета дека треба да се инвестира во раниот детски развој. За квалитетен ран детски развој, вели, треба да се исполнети и други преуслови како тие децата да се здрави, ухранети, да не се запоставувани или да не трпат насилство во домот или околината.