Апелација одлучи

Над илјада прислушувани разговори ќе бидат доказ во „Титаник“

05.12.2017 13:00

Во „Титаник“ за изборни нерегуларности се обвинети 20 лица, меѓу кои и експремиерот Груевски и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.

Над илјада прислушувани разговори ќе бидат доказ во постапката за случајот „Титаник“, одлучи скопска Апелација. На вчерашната јавна седница, обвинетите побараа да се отфрли обвинението и таканаречените бомби да не бидат доказ во постапката за изборни нерегуларности.

СЈО, пак, и натаму остана на жалбата дека прислушуваните разговори не се незаконски прибавени и тие можат да бидат доказен материјал.

Во „Титаник“ за изборни нерегуларности се обвинети 20 лица, меѓу кои и експремиерот Груевски и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.