Граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети од сефови

05.12.2017 13:48

Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот...

Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на „Шпаркасе банка“ во Скопје.

Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информира денеска МВР.