Кривичен суд

Заврши распитот на пратениците, се чека одлуката на судиите

05.12.2017 15:01

Во судот се појавија Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска, заедно со нивните сопартијци Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, кои со уште 30 лица се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Во скопскиот Кривичен суд заврши распитот на шестте пратеници за собраниските настани од 27-ми април. Се чека одлуката.

Во судот се појавија Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска, заедно со нивните сопартијци Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, кои со уште 30 лица се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.

Судот постапуваше откако пристигна известувањето за одлуката на Собранието за одземање на имунитетот на народните избраници.