Изготвен новиот Закон за високо образование, потроги критериуми за евалуација и акредитација

05.12.2017 15:39

Новиот Закон за високо образование е готов- соопшти министерката за образование и наука Дескоска. Се креира одржлив модел за осигурување на квалитетот. Дел од научната јавност со став дека треба да има построги критеруми за акредитација на високообразовните институции...

Новиот Закон за високо образование е изготвен, а ќе се врши и ригорозна реакредитација на државните и приватни високо образовни институции. Ова беше соопштено во рамките на работилницата за креирање на одржлив квалитет во високото образование, проект на Министерството за образование финансиран преку заем од Светска банка.

Министерката за образование и наука Рената Декоска истакна дека во изготвувањето на новиот закон учествувале студентите, универзитетите и Професорскиот пленум.

Построги критериуми за евалуација и акредитација побара и претседателот на Одборот, академик Владо Камбовски, нагласувајќи дека според него, голем број на високообразовни институции требало да бидат затворени.

Според Камбовски, голем број на институции не ги исполнувале законските услови за високообразовна дејност.

Марија Котовска