Британските безбедносни служби спречиле атентат врз Тереза Меј

06.12.2017 10:15

Уапсените сакале да активираат бомба во близина на резиденцијата на Даунинг Стрит и потоа да и се приближат на Меј носејќи експлозивен појас, ножеви и спреј солзавец.

Британските безбедносни служби спречиле двајца исламисти кои планирале да извршат атентат врз премиерката Тереза Меј, информираше директорот на службата МИ-5 Ендрју Паркер.

Уапсените сакале да активираат бомба во близина на резиденцијата на Даунинг Стрит и потоа да и се приближат на Меј носејќи експлозивен појас, ножеви и спреј солзавец. Според Паркер, во изминатите четири години МИ-5 спречил 22 терористички напади.

Активни се 500 истраги, а 3.000 лица се водат како потенцијални напаѓачи. 20.000 луѓе биле посочени како можни извршители на напади за време на истрагите. Во последните неколку години, во терористичките напади во Британија загинаа 36 лица.