ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда

06.12.2017 10:47

Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата, велат од партијата.

Хунтата на Зоран Заев, која ја зароби Република Македонија, вчера ја погреба демократијата и правната држава. Република Македонија повеќе не е демократска држава. Република Македонија под водство на СДС е единствената земја во Европа каде пратеници се притвораат во судски монтиран случај, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ги повикува меѓународните организации да реагираат на уништувањето на демократијата во Република Македонија. Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира крстосниците кај „Мавровка“,  помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во Кисела Вода во период од 15 - 17 часот. Најави и протест пред Министерството за правда во 18 часот.