Малта

Тројца обвинети за убиството на новинарката Галиција

06.12.2017 10:48

Двајцата браќа и нивниот соучесник го изработиле експлозивот. Малтешката полиција претходно уапси осум Малтежани поради атентатот.

Јавното обвинителство на Малта покрена обвиненија против три лица за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, која загина во експлозија од бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Двајцата браќа и нивниот соучесник го изработиле експлозивот. Малтешката полиција претходно уапси осум Малтежани поради атентатот.

53-годишната Каруана Галиција водеше популарен блог за случаи на корупција на високи политичари.