Тевдовски: Буџетот за 2018-та година ќе биде донесен навреме

06.12.2017 11:06

За мене е важно што има дебата, а лично би бил најсреќен ако на седницата на комисијата доаѓа и опозициајта, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Цврсто верувам дека буџетот ќе се донесе. Гледаме дека се одблокира работата на Комисијата. За мене е важно што има дебата, а лично би бил најсреќен ако на седницата на комисијата доаѓа и опозициајта, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Тевдовски очекува буџетот за 2018-та година да биде донесен на време и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на расправата во матичната собраниска комисија.