Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

06.12.2017 11:29

Анонимните извори тврдат дека одлуката е донесена зашто сите израелски владини институции и Кнесетот се сметстени во тој град.

Високи претставници на американската Администрација изјавија дека претседателот Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел. По објавувањето, Стејт департментот ќе треба да ги заврши подготовките за преместувањето на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.

Анонимните извори тврдат дека одлуката е донесена зашто сите израелски владини институции и Кнесетот се сметстени во тој град.

Арапската лига предупреди дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ќе го поттикне фанатизмот и нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.