Воени вежби близу границата со Северна Кореја

06.12.2017 12:22

Авионот симулирал бомбардирање на воено поле во близина на границата со Северна Кореја.

Американски стратегиски бомбардер „Б-1Б Лансер“ прелета над Јужна Кореја во рамките на големата воена вежба на двете земји чијашто цел е да се демонстрираат моќта, подготвеноста и капацитетот на нивните армии пред владата на Пјонгјанг, чијашто ракетна и нуклеарна програма ги држи во неизвесност и соседните земји и Западот.

Авионот симулирал бомбардирање на воено поле во близина на границата со Северна Кореја.

Минатата недела, Пјонгјанг лансираше најнов тип на ракета со голем дострел, за која тврди дека може да погоди која било цел на територијата на САД, вклучително и главниот град Вашингтон.