Џафери- Палмер: Интеграцијата во НАТО и ЕУ останува врвен приоритет на Република Македонија

06.12.2017 12:26

Џафери, кој е во работна, посета на САД додал дека во насока на интеграција на земјата поддршката од УСАИД е повеќе од добредојдена и значително придонесува во демократскиот развој на земјата...

Интеграцијата во НАТО и ЕУ останува врвен, државен, политички и стратешки приоритет на Република Македонија. Законодавниот дом се приклучува кон заложбите за реформските процеси кои се приоритет како на парламентарното мнозинство, така и на сите политички чинители во државата, при што и конструктивноста на опозицијата е од суштинско значење.

Ова го истакнал претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбата со Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон.

Џафери, кој е во работна, посета на САД додал дека во насока на интеграција на земјата поддршката од УСАИД е повеќе од добредојдена и значително придонесува во демократскиот развој на земјата, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.