Заев на средби со Тајани, Јункер, Могерини и Хан

06.12.2017 13:03

Предмалку заврши средбата со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, а попладнево ќе се сретне со европретставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Премиерот Зоран Заев ја почна официјалната агенда во Брисел. Предмалку заврши средбата со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, а попладнево ќе се сретне со европретставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.