Кривична пријава поврзана со серијата „Македонија“

06.12.2017 13:25

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември годинава, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи го службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68 милиони денари.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднела кривична пријава против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 од Кривичниот законик.

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември годинава, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи го службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68 милиони денари.

Имено, при постапката за финансирање на проектот-  играна серија „Македонија“, осомниченото лице овозможило друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на буџетот.