Манчевски го презентираше буџетот на МИОА

06.12.2017 14:27

Најголем дел од средствата, односно 1,19 милијарди денари ќе одат за финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, соопшти денеска на прес- конференција ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски го презентираше буџетот на министерството за 2018-та година кој што изнесува 1.486.050.000 денари. Манчевски информира дека во рамките на буџетот кој што е за три пати поголем од претходниот, обезбедени се и средства за МРТ и другите радиодифузни институции.

Најголем дел од средствата, односно 1,19 милијарди денари ќе одат за финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, соопшти денеска на прес- конференција ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Со ова обезбедивме, пред се, стабилно и независно финансирање на овие три чинители од радиодифузната дејност. Ова одржливо финансирање на МРТ ќе и даде шанса за развој на автономна и независна уредувачка политика, посочи Манчевски.